На сметките на граѓаните кои запишаа обврзници ќе бидат исплатени 17,6 милиони евра од главнината и 880 илјади евра од каматата

Министерството за финансии денеска ќе изврши исплата на главницата и каматата за втората година од втората издадена граѓанска обврзница.
На сметките на граѓаните кои запишаа обврзници ќе бидат исплатени 17,6 милиони евра од главнината и 880 илјади евра од каматата.
Втората граѓанска обврзница беше издадена на 7 ноември 2023 година, со рок на достасување од две години и годишна каматна стапка од пет отсто. Каматата за првата година беше исплатена минатиот ноември, а износот беше 54 274 000 денари.
Од Министерството за финансии соопштија дека веќе се работи на подготовка на нова емисија на граѓанска обврзница, како дел од диверзификацијата на финансиските инструменти за инвестирање. Досега се издадени две емисии во вкупен износ од 41,1 милион евра.
Граѓанската обврзница како нов инструмент беше воведен во 2023 година, со цел да се збогати понудата на нови инструменти за финансирање на финансискиот пазар, како и проширување на изворите на финансирање на економските политики.
