Говорејќи за реформите, што самиот ги најави по изборите, а кои беа нотирани и во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава за 2025 годин, Мицкоски повтори дека тие се однесуваат на зголемување на платите на судиите и јавните обвинители, а нему моралот не му дозволува да се согласи да се зголемат плати на луѓе, коишто, според него, немаат никаков рејтинг
Тој се понуди да ја донира својатав плата за судиите и јавните обвинителите, само да судат, како што рече, согласно закон, а не како што прават досега
Што се однесува до Коцевски, почекајте и ќе видите. Вака гласаше кусиот одговор на премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање што ќе се случува со државниот јавен обвинител, односно дали Владата ќе оди докрај со постапката за негово разрешување.

За потестување, на почетокот на годината, Владата иницира постапка за разрешување на Коцевски од функцијата државен јавен обвинител, која беше прекината по пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 млади луѓе, а повеќе од 200 беа повредени.
Мицкоски тогаш изјави дека постапката треба да остане во фазата во која се наоѓа во моментот поради настанатата трагедија и дека на обвинителски тим треба да му се даде шанса да работи на истрагата.
На 29 јули, пратениците со 71 глас „за“ изгласаа интерпелацијата на државниот јавен обвинител, што поднесе опозициската Левица.
По изгласаната интерпелација, Мицкоски на почетокот на август изјави дека правните ограничувања во предизборниот период го блокираат процесот за преземање конкретни чекори за продолжување на постапката за разрешување на Коцевски.
Премиерот во периодот пред изборите, говорејќи во контекст на реформите во правосудниот систем, жестоко ги нападна судиите и јавните обвинители, за кои рече дека не ги заслужуваат платите што сега ги земаат, а не, пак, нивно покачување, што, во суштина, според него предвидуваат реформските закони.
Во идентичен тон, тој говореше и денеска, одговарајќи на прашање за реформите, што самиот ги најави по изборите, а кои беа нотирани и во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава за 2025 година.
„Што се однесува до реформите, реформите се однесуваат зголемување на платите. Тоа е главната реформа, тоа се реформите. Промената во шесте закони – јавнообвинителска служба, судска служба, Судски совет, Совет на јавните обвинители итн. главната реформа од ова сè е да се зголемат платите. Следната година треба да вратиме како држава поради задолжувања во минатото, не од оваа влада, повеќе од две милијарди евра од буџето од околу шест и пол милијарди евра. Тука треба да имаме пензии, социјални трансфери, плати, комунални трошоци и треба да вратиме повеќе од две милијарди евра, што некој душмански ја задолжувал државата и неродените генерации. Еве ја повикувам јавноста нека каже, ако мисли дека трееба да ги дуплираме платите на обвинителите и судиите слободно кажете“,
рече премиерот.
Тој се понуди да ја донира својатав плата за судиите и јавните обвинителите, само да судат, како што рече согласно закон, а не како што прават досега.
Додаде оти е свесен дека ќе биде критикуван заради овој негов став, но, како што кажа, моралот не му дозволува да се согласи да се зголемат плати на луѓе, коишто, според него, немаат никаков рејтинг.
„И знам дека ќе излезат сега и ќе ме нападнат и ќе ме обвинат и ќе речат Мицко е ваков, таков, онаков, во ред, се е тоа во ред, но не можам…и ако тоа е клучната реформа што треба да ја направиме, простете јас нема да ја направам. И не можеме ние да одвоиме повеќе пари од буџетот за независно финансирање на обвинителство и судовите од да речеме најразвиените земји во Европската Унија. Тоа не можеме да го направиме. Така што, ова се реформите, сакаме јавноста да знае, реформите се за повисоки плати, не се реформите за некои суштиски измени не знам какви“,
рече премиерот.

Според премиерот суштински се реформите што треба да се направат во Кривичниот законик (КЗ), кои, рече ги прават под притисок на Уставниот суд.
Имено, Кривичниот законик, кој претрпе контроверзни измени на почетокот на септемврио 2023 година, се најде пред Уставен, кој одлучи да му даде рок од шест месеци на Собранието да ги коригира одредбите. Одлуката Уставен ја донесе на 12 февруари, што значи дека овој рок е веќе пробиен.
Собранието досега не ги направи измените, бидејќи, како што изјави пртседателот на парламентот, Африм Гаши, сè уште не добиле предлог- измени од Владата.
Мицкоски денеска изјави дека измените на Кривичниот законик ќе ги достават во Собранието до Нова година.
„Тоа ќе го направиме до Нова година, ќе влезат во парламент тие измени, за да не се случи да направиме една општа колективна амнестија во општеството и сите криминалци коишто се во затвор да излезат. Секој треба да има одговорност пред да донесе било каква одлука. Претходната Влада го измени Кривичниот законик, така што направи да имаат многумина политичка амнестија и сега кога ќе го смениме ние, без разлика дали ќе покренеме дело против некој од претходната влада, кој наочиглед направил криминал, тој ќе се повикува на тој којшто тие го донесоа на шверцерски начин во парламентот со „европско знаме“. Тогаш сите молчеа, тогаш сите што денеска се гласни молчеа, а денеска велат Извештајот вели така и така. Па каде бевте тогаш. Срамежливо стоеше таму во Извештајот една реченица, зошто, затоа што мислеа дека на тој начин ќе направат притисок врз ВМРО-ДПМНЕ преку некои поранешни структури да се промени Уставот. Не им успеа. Повторно е ВМРО-ДПМНЕ виновна? Мораме да ги кажуваме работите како сe, не онака, како што некој сака да ни ги претстави, а ние ќе направиме сè што е во наша моќ да ја завршиме домашната задача“,
рече Мицкоски.
Говорејќи во таа насока, премиерот се надоврза и на прашањето за промена на Уставот, како услов за продолжување на патот кон Европската Унија, велејќи дека кога менувавме имиња и презимиња ни вилеа дека сме „фронтранери“ и дека кога „ќе смениме име и презиме за четири години сме во Европската Унија“.
„Тие три-четири години изминаа пред три-четири години, каде сме ние денес, таму каде што бевме пред 25 години. Супер е да го смениме Уставот, најдобри ќе бидеме, и уште ако може да не сме Македонци, да не сме нешто друго, најдобри ќе бидеме, онака како што некој ни прави булинг и сака да ја стопира Македонија да напредува во Европската Унија. Тоа нема да го дозволиме, оваа Влада тоа нема да го дозволи, додека сум јас таму, кога ќе дојде друг, нивна работа“,
рече премиерот.
Инаку, Мицкоски за време на денешната посета на општина Аердром, беше прашан дали Владата ќе преземе конкретни чекори за решавање на проблемот со Бугарија, на што рече дека е подготвен да седне да разговара, но оти е познат ставот на Владата по тоа прашање, како и нејзините црвени линии.
„Нашиот став е многу јасен, се знаат кои се црвените линии, ние сме ги опишале тие црвени линии многупати досега. Подготвени сме да седнеме и да разговараме, но не би било коректно некој да очекува дека оваа Влада додека сум јас премиер наеднаш ќе каже дека ова досега што го зборевме не важи, сега ќе седнеме и ќе направиме уставни измени. Барем јас додека сум претседател на Владата. Ако дојде некој друг нека тераат друга политика“,
рече Мицкоски.
