Минималните температури ќе се движат во интервал од -3 до 5 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 12 до 20 степени
По ведрото и студено утро, времето во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб северозападен ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -3 до 5 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 12 до 20 степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од минимални 2 до максимални 16 степени.
Според најавата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во следниот период ќе преовладува стабилно, суво и претежно сончево време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.
