Според информации од ЕВН Македонија АД, во периодот од 08:30 до 10:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Самоилова“ и „Јоаким Крчовски“, како и објектот на Музејот на современата уметност во општина Центар
Без струја утринава ќе бидат дел од корисниците во општините Центар, Зелениково и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК – Скопје.

Според информации од ЕВН Македонија АД, во периодот од 08:30 до 10:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Самоилова“ и „Јоаким Крчовски“, како и објектот на Музејот на современата уметност во општина Центар.
Во периодот од 08:30 до 15:00 часот прекин во електричната енергија ќе има за корисниците од селата Зелениково, Ново Село, Страхојадица и Смесница во општина Зелениково.
Корисниците лоцирани околу ул. „Австралиска“ бр. 5 во населбата Даме Груев, општина Ѓорче Петров, ќе имаат прекин на струја во периодот од 09:00 до 15:00 часот.
