Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 9 степени, а максималната 16 Целзиусови степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 11, а максималната од 8 до 17 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде 9 степени, а максималната 16 Целзиусови степени.
Во следните денови од УХМР најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец.
