Од Медицинскиот центар во Тузла потврдија дека синоќа почина уште една пациентка што беше хоспитализирана на Клиниката за анестезиологија и реанимација
Бројот на загинати во пожарот во пензионерскиот дом во Тузла се искачи на 13 откако уште една жена почина на Универзитетскиот клинички центар (УЦК).

Синоќа почина уште една пациентка што беше хоспитализирана на Клиниката за анестезиологија и реанимација, потврдија од Медицинскиот центар во Тузла.
Број на хоспитализирани лица во моментов е 13. Сега на Клиниката за анестезија и реанимација има три пациенти, од кои еден е на респиратор. На Клиниката за белодробни заболувања се хоспитализирани шест пациенти (еден полицаец и пет корисници на услугите на пензионерскиот дом во Тузла). Тројца пациенти се хоспитализирани на Клиниката за интерни болести и се наоѓаат во стабилна здравствена состојба. Еден пациент е хоспитализиран на Клиниката за урологија, кој е во стабилна здравствена состојба.
Меѓу повредените има тројца полицајци, шест пожарникари, а другите се или корисници на пензионерскиот дом или вработени.
Директорот на пензионерскиот дом, Мирсад Бакаловиќ, по трагедијата поднесе оставка.
Пожарот во пензионерскиот дома избувна на вечерта на 4 ноември и зафати дел од погорните катови на зградата, најмногу одделението каде што биле сместени неподвижни лица.
Во Тузла се прогласени денови на жалост.
