Поддржувачи и симпатизери со зурли и тапани прославија победа во Тетово
Победничка атмосфера пред штабот на кандидатот за градоначалник на Тетово од ВЛЕН, Биљал Касами.

Поддржувачи и симпатизери со зурли и тапани прославија победа во Тетово.
Шефот на изборниот штаб, Бесар Дурмиши, изјави дека Касами победил во речиси сите населени места во Општина Тетово.

Дурмиши им се заблагодари на сите граѓани и најави дека во новиот мандат Касами ќе реализира уште повеќе проекти за развој на градот.

По прес-конференцијата беше најавено дека сите лидери од коалицијата ВЛЕН вечерва ќе присуствуваат на прослава што ќе се одржи на плоштадот во Тетово.
