Б. Б. (44) од Струга е лишен од слобода, обидувајќи се да избега откако претходно е затекнат со уште неколку лица при незаконит риболов во реката Црн Дрим
Стружанец нападнал полициски службеници откако бил затекнат како со уште неколку лица врши незаконит риболов во реката Црн Дрим, соопшти денеска Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид.

Како што информираат од полицијата, настанот се случил 10 минути по полноќ, кога Б. Б. (44) од Струга е лишен од слобода, обидувајќи се да избега откако претходно е затекнат со уште неколку лица при незаконит риболов во реката Црн Дрим.
„Притоа, тој физички нападнал полициски службеници што преземале службени дејствија, но бил совладан и приведен во полициска станица“,
се вели во соопштението од СВР Охрид.
За настанот е информиран јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струга, а по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
