Германија од 16 јуни ќе дозволи влез за сезонските работници од земјите членки на Европска Унија и шенген-зоната без никакви рестрикции.
Германија претходно одлучи дека поради пандемијата на новиот коронавирус во земјата можат да влезат најмногу 80 000 сезонски работници.
Минатата година во земјоделскиот сектор во Германија биле ангажирани околу 300 000 сезонски работници, најчесто од Романија и од Полска.
Владата во Берлин нареди работодавците да ги применат сите хигиенски стандарди. За да се намали потенцијалното ширење на ковид-19, ќе бидат формирани фиксни тимови, а ако еден од работниците се разобли, целиот тим ќе биде во изолација.