Според ДИК, Јовановски има освоено 8 784 гласа или 48,52 отсто, а Дехари – 3 667 гласа или 20,26 отсто. Зад него е кандидатот на ВЛЕН, Фатмир Лимани, со освоени 2 833 гласа

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ на општина Кичево, Александар Јовановски, води пред кандидатот на ДУИ, Фатмир Дехари, покажуваат резултатите на Државната изборна комисија од обработени 75,63 проценти избирачки места.
Според ДИК, Јовановски има освоено 8 784 гласа или 48,52 отсто, а Дехари 3 667 гласа или 20,26 отсто. Зад него е кандидатот на ВЛЕН, Фатмир Лимани, со освоени 2 833 гласа.

Јовановски на Фејсбук објави победа во првиот круг од локалните избори.
„Победа во првиот круг со над 5 000 гласови предност! Кичево со ова докажува дека сака промени за подобра иднина! Ви се заблагодарувам на сите за беспрекорната поддршка и одличен резултат! Со вашата поддршка победуваме убедливо и во вториот круг!“,
напиша тој.