Посакува она што денеска го видела на гласачкото место, една досадна граѓанска изборна слика, да се повтори и во вториот круг
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по остварувањето на своето гласачко право на локалните избори рече дека верува оти тоа ќе го сторат и другите граѓани.

Очекува триесетгодишното изборно искуство да се повтори, а тоа се пристојни, фер и демократски избори.
„Очекувам демократски избори. Малку е покомплицирано на прв поглед, има повеќе листи, но според мене, тоа им дава поголем демократски легитимитет на изборите“,
рече таа.
Посакува она што денеска го видела, една досадна граѓанска изборна слика, да се повтори и во вториот круг.