Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека граѓаните можат да направат јасна разлика по периодот на кампањата и очекува дека тие ќе одлучат државата да оди напред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по остварувањето на своето гласачко право, изјави дека изборниот процес се одвива мирно и достоинствено и изрази очекување за „уште една голема историска победа“ на партијата и коалицијата.
„Од информациите со коишто досега располагам, можам да кажам дека денот поминува мирно, достоинствено, онака како што се очекува, впрочем, како што се и македонските граѓани. Очекувам денеска денот така и да заврши, а со резултатите да прогласиме уште една голема историска победа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“,
рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека граѓаните можат да направат јасна разлика по периодот на кампањата и очекува дека тие ќе одлучат државата да оди напред.
„Mислам дека граѓаните ќе одлучат да одиме сите напред во развој, а не да се враќаме назад во оние времиња кога Македонија се ограбуваше и се распродаваше. Македонија заслужува подобро и очекувам денеска таков да биде изборот на граѓаните“,
додаде тој.