Најави и проширување на двете главни артерии на Чаир, како булеварот „Цветан Димов“ и булеварот „Михтат Фрашери“, што вклучува нови коловози, широки тротоари, модерно осветлување, велосипедски патеки и нов систем за канализација и водовод
Чаир е општина со најголема густина на население во Европа и не може да успее со сопствен буџет, туку е потребна поддршка и од Град Скопје и од Владата. Од моментот кога дојдовме на власт почнавме со нова ера на инвестиции. Ова на денешната прес-конференција го рече кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, посочувајќи дека во општината се градат нови улици, канализации, безбедни тротоари, се поставува современо осветлување, од Серава, Гази Баба, Топанско Поле и „Дижонска“ до центарот на градот.

„Во срцето на оваа трансформација е големиот проект на обиколницата околу парк-шумата Гази Баба – нова сообраќајница што директно ќе го поврзе населбите на Гази Баба со другите делови на градот. Овој проект ќе ја намали оптовареноста на булеварот ‘Цветан Димов‘, ќе го олесни сообраќајот за илјадници граѓани и ќе ја зголеми ефикасноста на градското движење“,
вели Меџити.
Најави и проширување на двете главни артерии на Чаир, како булеварот „Цветан Димов“ и булеварот „Михтат Фрашери“, што вклучува нови коловози, широки тротоари, модерно осветлување, велосипедски патеки и нов систем за канализација и водовод.
„Со тоа, ќе правиме интервенции и на локалните поврзувачки и секундарни улици во секоја населба“,
кажа тој.
Ќе се реализира, според него, и третата фаза на плоштадот „Скендербег“, кој ќе се претвори во симбол на модернизмот.
„Подземниот паркинг со 800 паркинг места веќе станува реалност. Овој проект ќе го реши проблемот со сообраќајот, ќе го ослободи јавниот простор и ќе го претвори плоштадот во место за средби, култура и градски живост“,
рече кандидатот за градоначалник на Чаир.
Најави изградба на нови резиденцијални паркинзи во секоја зона на Чаир, а еден од главните приоритети ќе биде поставување лифтови во околу 80 постојни станбени згради.
Мегапаркот во Чаир ќе биде најголемиот проект за зеленило и рекреација во историјата на општината, а во кој ќе има водни површини, патеки за прошетка, спортски зони, детски катчиња и простории за концерти и настани.
Паралелно со тоа, ќе се реновира и паркот во Чаир, а се градат и две нови училишта и две нови детски градинки.
Новата голема спортска сала „Чаир“ ќе има капацитет за 3 000 гледачи и ќе биде арена за национални и меѓународни натпревари.
Најави и спроведување на програмата за жени претприемачи и реконструкција на трговскиот центар „Мавровка“.
Ќе се формира и институтот „Звуците на Чаршијата“, што ќе ја постави чаршијата на националната мапа на културата, туризмот и наследството, а проектот „Дигитална чаршија“ со виртуелен музеј и мобилна апликација ќе биде за промоција на занаетчиството и локалните бизниси.
„Ова е нашата визија за Чаршијата, која ја спојува традицијата со технологијата, историјата со развојот“,
кажа Меџити.