Покрај Марковски и Ивановска, на денешното обраќање пред медиумите, последно од кампањата за првиот круг од локалните избори, се обратија и носителката на советничката листа на „Независни заедно“ за Скопје, Јана Белчева-Андреевска и носителот на листата за Центар, Јане Димески. Порачаа дека нема силни општини без советите и дека таму треба да има луѓе што се стручни и независни и кои ќе работат во интерес на граѓаните
В недела гласајте за стручност, професионалност, визија и антикорупција – порачаа независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Горан Марковски, и кандидатката за Центар, Билјана Ивановска, поддржани од платформата „Независни заедно“. Ги повикаа граѓаните својот глас да го дадат за стручност и деполитизација.

„Скопје заслужува да добие стручен и независен градоначалник кој ќе гради партнерства со граѓаните, а не со бизнис елитите и урбаната мафија“,
порача кандидатот за градоначалник на Скопје, Горан Марковски.
Кандидатката за градоначалничка на Центар и поранешна прва антикорупционерка Билјана Ивановска рече дека е редно да ѝ се објави војна на корупцијата во Општина Центар и ги повика граѓаните да гласаат за градоначалничка која ќе управува чесно, одговорно и транспарентно со локалната самоуправа.
Покрај Марковски и Ивановска, на денешното обраќање пред медиумите, последно од кампањата за првиот круг од локалните избори, се обратија и носителката на советничката листа на „Независни заедно“ за Скопје, Јана Белчева-Андреевска и носителот на листата за Центар, Јане Димески. Порачаа дека нема силни општини без советите и дека таму треба да има луѓе кои се стручни и независни и кои ќе работат во интерес на граѓаните.
„Нашата цел е да работиме во интерес на здравјето и јавното добро, а не на профитот“,
истакна Белчева-Андреевска.
„Докажавме дека можеме да се бориме во советот на Центар и да имаме вистински партнерски однос со граѓаните, со организациите, со сите локални чинители. Центар повеќе не смее да биде општина која ќе работи во интерес на одредена партија туку целосно да се отвори кон граѓаните“,
додаде Димески.