На седницата на Градскиот совет на Дубровник го повика Советот за спречување на криминалот на градско и окружно ниво итно да реагира на оваа појава, која ја нарече како голем општествен проблем
Градоначалникот на Дубровник, Мато Франковиќ, предупреди дека консумирањето дрога станало сериозен општествен проблем и додаде дека во градот кокаин се шмрка на секој агол, како и дека количината на месечна потрошувачка може да се мери во камиони, а не во грамови, пренесуваат хрватските медиуми.

На седницата на градскиот совет на Дубровник, Франковиќ го повика Советот за спречување на криминалот на градско и окружно ниво итно да реагира на оваа појава.
„Можеме слободно да кажеме, и не се плашам да го кажам тоа, дека количината на кокаин што се консумира во градот Дубровник се мери месечно во камиони, а не во грамови“,
рече тој.
Според него, ова е сериозен општествен проблем, особено во Градот Дубровник.
„Количината на амфетамин, екстази и други таблети што се достапни за младите е огромна“,
вели градоначалникот на Дубровник.
Се надева дека Советот за спречување на криминалот ќе дејствува на две нивоа, од кои првото е едукативно, а второто е поврзано со кокаинот.
„Прво треба да се предупредат младите за опасностите што ги демнат од само една апче. А кокаинот е дрога на богатите, оние што имаат пари и не знаат што друго да прават, па шмркаат додека не ја изгубат свеста“,
кажа Франковиќ.
Повтори дека треба многу да се разговара на оваа тема и итно да се бара решение за овој, како што рече, голем општествен проблем, од кој се засегнати сите.