Редакциите тврдат дека новата политика ја загрозува слободата на печатот и би можела да ги казни новинарите за вршење работа заштитена со Првиот амандман на Уставот на САД
Најмалку 30 новински организации одбија да ги прифатат новите правила на Пентагон за новинарите, предупредувајќи на можноста за помалку сеопфатно известување за најмоќната војска во светот пред истекот на рокот за прифаќање на новите ограничувања во вторник.

Новата политика на Пентагон бара од новинарите да ги прифатат новите правила за пристап до медиумите, вклучително и дека би можеле да бидат означени како безбедносен ризик и да им бидат одземени акредитациите за печат во Пентагон доколку побараат од вработените во одделот да откријат класифицирани и одредени видови некласифицирани информации.
Редакциите тврдат дека новата политика ја загрозува слободата на печатот и би можела да ги казни новинарите за вршење работа заштитена со Првиот амандман на Уставот на САД.
Ројтерс е меѓу оние кои одбија да ги потпишат правилата, наведувајќи ги заканите за слободата на печатот.
Други кои го објавија своето одбивање да ги прифатат новите правила за пристап до медиумите во изјави или во нивните вести се: Асошиејтед прес, Блумберг њуз, Њујорк тајмс, Волстрит журнал, Вашингтон пост, Си-ен-ен, Фокс њуз, Си-би-ес, Ен-би-си, Еј-би-си, Ен-пи-ар, АСксиос, Политико, Гардија, Атлантик, Хил, Њузмакс, Брејкинг дифенс и Таск и пурпоуз (Associated Press, Bloomberg News, The New York Times, The Wall Street Journal, The Washington Post, CNN, Fox News, CBS, NBC, ABC, NPR, Axios, Politico, The Guardian, The Atlantic, The Hill, Newsmax, Breaking Defense i Task & Purpose).
„Ројтерс е обврзан со својата посветеност на точни, непристрасни и независни вести. Исто така, цврсто веруваме во заштитата на печатот гарантирана со Уставот на САД, во слободниот проток на информации и новинарство што служи на јавниот интерес без страв или наклонетост. Новите ограничувања на Пентагон ги поткопуваат овие основни вредности“,
соопшти агенцијата Ројтерс.
Ричард Стивенсон, шеф на бирото на „Њујорк тајмс“ во Вашингтон, во петокот изјави дека новата политика се заканува да ги казни (новинарите) за рутинското собирање информации заштитени со Првиот амандман.
Министерот за одбрана Пит Хегсет во објава на социјалните мрежи изјави дека сè што бараат новите правила е новинарите веќе да не можат слободно да талкаат наоколу, да мора да носат видлива ознака и акредитираните новинари веќе да не можат да поттикнуваат на кривични дела.