Американскиот претседател го нарекува Кирк маченик за американската слобода, а во септември двата дома на американскиот Конгрес донесоа резолуции со кои го прогласија 14 октомври за Национален ден на сеќавање на Чарли Кирк
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера постхумно го одликува убиениот политички активист Чарли Кирк со „Претседателски медал на слободата“, највисокото цивилно одликување во САД.

„Денес сме тука да му оддадеме почит и да се сетиме на неуморниот борец за слобода, на сакан лидер кој ги инспирираше идните генерации како никој друг“,
рече Трамп на церемонијата во Белата куќа по повод роденденот на Кирк.
Кирк, кој требаше да наполни 32 години на денот на церемонијата, беше застрелан на 10 септември за време на дебата на Универзитетот во Јута. Неговото убиство ја шокира нацијата и ја поттикна дебатата за политичкото насилство.
Неговата сопруга Ерика Кирк ја прими наградата во негово име, во градината на Белата куќа.
„Седум и пол години барав совршен подарок за роденден за Чарли, но сега со сигурност можам да кажам дека вие му го подаривте најдобриот подарок што можеше да го добие“,
рече таа.
По атентатот, републиканскиот претседател воведе мерки против она што го нарече „радикален левичарски екстремизам“.
Кирк, познат по своите универзитетски дебати за прашања како што се абортусот, имиграцијата и расната еднаквост, одигра важна улога во мобилизирањето на младите гласачи за Трамп во 2024 година.
Американскиот претседател го нарекува Кирк маченик за американската слобода, а во септември двата дома на американскиот Конгрес донесоа резолуции со кои го прогласија 14 октомври за Национален ден на сеќавање на Чарли Кирк.
Дваесетгодишниот Тајлер Робинсон е обвинет за убиство на Кирк. Се соочува со смртна казна ако биде осуден.