Братот и сестрата што живееја во селската куќа каде што се случила експлозијата се приведени на сослушување. Другиот брат, кој е во бегство, исто така живеел со нив во куќата
Тројца полицајци карабинери загинаа, а најмалку 13 други војници и пожарникари се повредени во експлозија што рано утрово се случи за време на иселувањето на три лица од селска куќа во општината Кастел д’Ацано, во близина на Верона, Италија.

Според извори блиски до истрагата, експлозијата се случила кога се отворила влезната врата, погодувајќи ги карабинерите, полицајците и пожарникари што интервенирале на терен.
Куќата на два ката е целосно уништена од експлозијата.
Министерот за внатрешни работи Матео Пјантедози го опиша инцидентот како ужасен, додека главниот обвинител на Верона, Рафаеле Тито, го нарече настанот неверојатна трагедија.
Министерот за одбрана Гвидо Крочето изрази сочувство до семејствата на загинатите карабинери.
Според полицијата, уапсени се двајца членови на семејството, додека третиот е во бегство.
Братот и сестрата што живееја во селската куќа каде што се случила експлозијата се приведени на сослушување. Другиот брат, кој е во бегство, исто така живеел со нив во куќата.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, експлозијата настанала кога војската и полицијата влегле во напуштената зграда каде овие жители веќе неколку месеци престојувале.
❗ Castel D’Azzano (Verona), esplosione in una casa colonica durante uno sgombero: tre carabinieri morti e 13 tra militari e agenti feriti. Fermati un uomo e una donna di 60 anni, ricercato un terzo familiare. è crollato dopo la deflagrazione travolgendo le forze dell’ordine. pic.twitter.com/nU6CqtVs3a
— Vond (@vondmedia) October 14, 2025