Под влијание на влажни воздушни маси, според Управата за хидрометеоролошки работи, од утре ќе преовладува променливо облачно време, со повремени локални врнежи од дожд
Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринската температура ќе се движи во интервал од еден до 10 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 14 до 23 степени.
Во Скопје, според синоптичарите, се очекува слично време, сончево со мала до умерена облачност и слаб ветер од северен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 21 Целзиусов степен.
Под влијание на влажни воздушни маси, според Управата за хидрометеоролошки работи, од утре ќе преовладува променливо облачно време, со повремени локални врнежи од дожд.