Носењето маски во јавност ќе остане задолжително во Шпанија и по завршувањето на вонредната состојба на 21 јуни, односно, се додека не се најде лек или вакцина за ковид-19, изјави денеска министерот за здравство на оваа земја, Салвадор Илја.
„Шпанците мора да продолжат да носат маски во затворено и на отворено ако не можат да гарантираат 1,5 метар оддалеченост“,
рече Илја на прес-конференција.
Обврската за носење маски ќе остане во сила сè додека, како што рече, „конечно го победиме вирусот, што ќе се случи кога ќе имаме ефикасна терапија или ефикасна вакцина“.