Израел се согласи да ги ослободи во замена за ослободување на заложниците во Појасот Газа, што е дел од првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на војната предизвикана од невидениот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година
Палестинските затвореници беа пречекани со ентузијазам денеска во Рамала, на окупираниот Западен Брег, откако беа ослободени од израелските затвори.

Некои мавтаа со рацете во знак на победа, а повеќето се појавија со насмевки на лицата додека излегуваа од автобусот што ги однесе од израелски затвор до културниот центар во градот каде што се наоѓа седиштето на Палестинската самоуправа.
„Тоа е неописливо чувство, преродба“,
изјави за АФП Махди Рамадан, неодамна ослободен затвореник, опкружен од своите родители.
NOW: Buses carrying Palestinian prisoners arrive in Ramallah, West Bank. pic.twitter.com/sDmXS3kVJI
— Clash Report (@clashreport) October 13, 2025
За многумина, тоа е ослободување по години, дури и децении. Околу стотина од нив пристигнаа во Рамала, некои изгледаа гладни и со видливи повреди.
Автобуси со палестински затвореници исто така пристигнаа во Газа. Маскирани лица, очигледно членови на Хамас, пристигнаа во болницата Насер, каде што беа поставени сцена и столчиња за да ги пречекаат.

Меѓу ослободените Палестинци се наоѓаат 250 лица задржани од „безбедносни причини“, вклучувајќи многу осудени за смртоносни антиизраелски напади, како и 1 700 Палестинци уапсени од израелската војска во Појасот Газа од октомври 2023 година.
A deeply emotional moment: two Palestinians climb the bus to embrace their brother, newly released under the exchange deal.#Palestine #ramallah #Gaza pic.twitter.com/D72y4WYVEp
— In Context (@incontextmedia) October 13, 2025
Израел се согласи да ги ослободи во замена за ослободување на заложниците во Појасот Газа, што е дел од првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на војната предизвикана од невидениот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година. Оттогаш Израел води кампања на насилство во Појасот Газа.
Хамас, претходно денеска, ги ослободи преостанатите 20 живи израелски заложници од нивното двегодишно заложништво во Газа. Според израелските медиуми, сите ослободени заложници се во добра состојба.
Се очекува да бидат предадени и телата на 28 починати заложници, процес за кој Израел не очекува да биде завршен денес. Формиран е посебен комитет за лоцирање на нивните останки во урнатините на Газа.