Максималната температура ќе се се искачи од 14 до 22 степени
Променливо облачно време со сончеви периоди – најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Облачноста ќе се намали кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 3 до 11 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 14 до 22 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од минимални 8 до максимални 20 степени.
Според најавата на УХМР, до вторник времето ќе биде стабилно со дневни температури малку под просекот за овој период од годината, а од среда ќе настапи променливо облачно време со локален дожд и опаѓање на дневните температури за неколку степени.