Синот на Касами е играч на тетовска Шкендија, а поканата што ја добил е да настапува за пријателските натпревари што Албанија ќе ги игра против Ирска

Актуелниот тетовски градоначалник Биљал Касами се пофали дека неговиот син Лавдрим Касами ќе настапува за Фудбалската репрезентација на Албанија до 19 години.
Синот на Касами е играч на тетовска Шкендија, а поканата што ја добил е да настапува за пријателските натпревари што Албанија ќе ги игра против Ирска.
Касами, веста за поканата што ја добил неговиот син ја објави на својот фејсбук-профил.
„На врвот од кампањата, најубавата вест што ме направи неизмерно среќен дојде од Тирана. Мојот син, Лавдрим, кој игра за возрасните групи на Шкендија, доби покана од фудбалската репрезентација на Албанија до 19 години за два пријателски натпревари против Ирска“,
пишува Касами упатувајќи благодарност до Фудбалската репрезентaција на Албанија.
Инаку, Касами на локалните избори закажани за 19 октомври како кандидат од коалицијата ВЛЕН ќе ја бара довербата на тетовчани за втор мандат.