Т.Ѓ. (83) се здобил со тешки телесни повреди констатирани на скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“, каде што подоцна и починал
Триесетгодишен скопјанец Г.Д. е приведен откако со автомобил „ауди а6“ утринава удрил во 83-годишник T.Ѓ. на патот Горно Лисиче-Долно Лисиче во Скопје. Несреќата била пријавена утринава во 8:15 часот.

Т.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди констатирани на скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“, каде што подоцна и починал.
На местото на настанот е извршен увид од, а по насока на јавниот обвинител возачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.