– Ако останат слепи и глуви на овој досега невиден скандал во плуралистичка Македонија, продолжуваме и до Европскиот суд за човекови права – Стразбур, напиша Апасиев на Фејсбук

Правниот тим на партијата Левица поднесе предлог за изрекување на привремена мерка против Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Државната изборна комисија (ДИК).
Димитар Апасиев најавува битка до Стразбур, доколку македонските судски инстанци не реагираат.
„Нашиот правен тим поднесе Предлог за изрекување привремена мерка до Основниот граѓански суд – Скопје против АВМУ и ДИК! На потег се домашните судски инстанци да ја спречат политичката дискриминација која и се врши на Левица“,
се вели во соопштението.
Тие укажуваат дека, ако македонските надлежни органи не реагираат ќе ја бараат правдата во Стразбур.
„Ако останат слепи и глуви на овој досега невиден скандал во плуралистичка Македонија, продолжуваме и до Европскиот суд за човекови права – Стразбур”,
напиша на Фејсбук, Димитар Апасиев.
Сето ова доаѓа откако на Левица не и се дозволија средства од државниот буџет како парламентарна партија за маркетинг пред локалните избори.