Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 25 септември 2025 г. на МРТ 1
Во ова издание на емисијата „360 степени“ донесуваме:
– Повеќе од една третина од македонските амбасади во странство се без амбасадор – шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски го прашуваме зошто;
– Дали и како државата се справува со дезинформациите;
– Во пресрет на локалните избори, десет невладини организации во 26 општини бележат злоупотреби на административни ресурси;
– Зошто службените автомобили на министрите немаат црвено-жолти таблици – одговара директорот на СОЗР, Ивица Томовски; го прашуваме и дали ќе добијат;
– „Саботажа“.