Американскиот Стејт департмент во четврток објави дека ќе работи на спречување на каков и да е обид за исклучување на Израел од Светското првенство во 2026 година кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада

Турција официјално ја повика УЕФА да го суспендира Израел од меѓународниот фудбал, оценувајќи ја ситуацијата во Газа како „нехумана и неприфатлива“.
Претседателот на Фудбалската асоцијација на Турција, Ибрахим Хаџиосманоглу, испратил писмо до лидерите на светскиот фудбал, пред седницата на Извршниот комитет на УЕФА следната недела, на која би можело да се гласа за евентуална суспензија на Израел.
„Сега е време ФИФА и УЕФА да дејствуваат. И покрај тоа што се позиционираат како бранители на граѓанските вредности и мирот, спортскиот свет и фудбалските институции долго време молчат“,
напишал Хаџиосманоглу во писмото.
Американскиот Стејт департмент во четвртокот објави дека ќе работи на спречување на каков и да е обид за исклучување на Израел од Светското првенство во 2026 година кое ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.
Претходно и Шпанија предупреди дека размислува да се повлече од меѓународниот фудбал доколку не се воведат санкции за Израел.
Засега Русија останува единствена држава чиј настап на репрезентацијата и на клубовите во различни спортови не им е дозволено да настапуваат на европски и светски натпреварувања.