„Како кредибилен НАТО-сојузник, партнер на САД и потписник на Партнерството за безбедност и одбрана со ЕУ, продолжуваме да придонесуваме активно за регионалната, европската и глобалната безбедност. Нашата посветеност на овие цели останува јасна и недвосмислена“, објави министерот за надворешни работи
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој е во посета на САД, информира дека на покана на американскиот државен секретар Марко Рубио, во Њујорк присуствувал на традиционалната трансатлантска вечера со министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО и ЕУ.

На вечерата, како што пишува Муцунски во објавата на Фејсбук, била реафирмирана заедничката определба за мир, стабилност и просперитет.
„Како кредибилен НАТО-сојузник, партнер на САД и потписник на Партнерството за безбедност и одбрана со ЕУ, продолжуваме да придонесуваме активно за регионалната, европската и глобалната безбедност. Нашата посветеност на овие цели останува јасна и недвосмислена“,
пишува Муцунски во фејсбук-објавата.
Инаку, Муцунски во Њујорк ја придружува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на 80. заседание на Генералното собрание на ОН.