Од УХМР информираат дека од петок до почетокот на следната седмица времето ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

Променливо облачно време со сончеви периоди се најавува за денеска во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во поладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде од 8 до 16 Целзиусови степени, а дневната од 22 до 30 степени.
И во Скопје денеска ќе има променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 30 степени.
За утре синоптичарите најавуваат променливо облачно, посвежо и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. На некои места врнежите ќе бидат пообилни и над 20 литри на квадратен метар. И утре ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
Дневната температура утре ќе се движи од 17 до 24 степени.
Од УХМР информираат дека од петок до почетокот на следната седмица под влијание на серија влажни воздушни маси времето ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд.