Израелските сили, кои во август почнаа да го стеснуваат обрачот околу градот со повеќе од еден милион жители, ги игнорираа повиците за запирање на офанзивата за која владата вели дека има за цел уништување на последното упориште на милитантите на Хамас чиј напад врз Израел во 2023 година и земање заложници ја предизвикаа војната

Израелските сили денеска напредуваа во центарот на градот Газа, загрозувајќи ги животите на Палестинците кои останаа таму со надеж дека растечкиот притисок врз Израел да се согласи на прекин на огнот ќе значи дека нема да ги изгубат своите домови, објави Ројтерс.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно се сретна со лидерите на муслиманските земји во Обединетите нации во Њујорк со цел да се запре војната.
Трамп, кој претходно ги осуди потезите на неколку земји да признаат палестинска држава со цел да извршат притисок врз Израел, рече дека ќе следи состанок со Израел.
Израелската влада ги повика жителите на Газа да се повлечат на југ, но многумина се двоумеа, наведувајќи го недостигот на безбедност и широко распространетиот глад во областа.
„Се преселивме во западниот дел, поблиску до плажата, но многу семејства немаа време, тенковите ги изненадија“,
рече Таер, 35-годишен татко на едно дете од Тел Ал-Хава.
BREAKING: Israeli fighter jets bombed and completely destroyed the Bank of Palestine building on Omar Al-Mukhtar Street, eastern Gaza City. pic.twitter.com/X5Kr6jgN6N
— Quds News Network (@QudsNen) September 24, 2025
Израелските сили, кои во август почнаа да го стеснуваат обрачот околу градот со повеќе од еден милион жители, ги игнорираа повиците за запирање на офанзивата за која владата вели дека има за цел уништување на последното упориште на милитантите на Хамас чиј напад врз Израел во 2023 година и земање заложници ја предизвикаа војната.
Според Хамас, најмалку 20 лица биле убиени, а многу биле повредени кога израелски воздушен напад погодил засолниште во кое биле сместени раселени семејства во близина на пазар во центарот на градот. Две други лица биле убиени во блиска куќа, информираа тие.
🚨Chilling footage captures the heavy Israeli bombardment on Gaza two days ago, a glimpse into the city’s daily ordeal. With media coverage and documentation hindered by the sheer scale of devastation, much of Gaza’s reality goes unseen. pic.twitter.com/JKfkTgb0T2
— Gaza Notifications (@gazanotice) September 24, 2025
Израелската војска соопшти дека го истражува нападот врз засолништето.
Во предградието Тел Ал-Хава, тенковите влегоа во станбена зона, заробувајќи ги луѓето во нивните домови, додека други тенкови беа видени во близина на болницата Ал-Кудс. Палестинското друштво Црвена полумесечина објави дека е оштетена кислородна станица. Тенковите, исто така, се приближиле до најголемата болница во Газа, Ал Шифа, според сведоци и медиуми.
Израелската војска соопшти дека милитантите на Хамас отвориле оган од болницата Ал Шифа и објавиле видео на социјалната мрежа Икс за да го поткрепат своето тврдење.