Убиството на Кирк предизвика жестока дебата во САД за насилството и слободата на говорот. Трамп ја обвини радикалната левица за смртта на Кирк и се закани дека ќе преземе одредени мерки против либералните организации и донатори, за кои верува дека ја клеветат или ја слават смртта на 31-годишниот активист
Повеќе од сто илјади Американци денеска се собраа на стадионот во Глендејл, Аризона, на комеморацијата за неодамна убиениот политички активист и инфлуенсер Чарли Кирк.

Меѓу присутните се и претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, потпретседателот Џеј ди Венс, секретарот за одбрана Пит Хагсет, секретарот за здравство Роберт Ф. Кенеди Помладиот и други.
„Денес ќе го прославиме животот на еден голем човек“,
им рече Трамп на новинарите додека ја напушташе Белата куќа за да присуствува на комеморативна служба и додаде дека денот ќе биде тежок.
Стадионот со повеќе од 60 000 седишта беше речиси полн до 9:30 часот по локално време, а се проценува дека повеќе од 200 000 американски граѓани ќе присуствуваат на погребот на Кирк.
Кирк беше застрелан додека зборуваше на форум на Универзитетот во Јута на 10 септември, а подоцна почина во болница.
Неговото убиство предизвика жестока дебата во САД за насилството и слободата на говорот. Трамп ја обвини радикалната левица за смртта на Кирк и се закани дека ќе преземе одредени мерки против либералните организации и донатори, за кои верува дека ја клеветат или ја слават смртта на 31-годишниот активист и основач на организацијата „Пресвртна точка САД“ (Turning Point USA).
Трамп ги критикуваше демократите во Претставничкиот дом кои гласаа против резолуцијата со која се фали животот, делото и наследството на Кирк.
За убиството на Кирк е осомничен 22-годишниот Тајлер Робинсон. Доколку биде осуден, може да се соочи со смртна казна.
Ерика Кирк, вдовицата на убиениот активист, која беше назначена за нов лидер на неговата организација, вети дека неговото движење нема да згасне.