Минималните температури ќе се движат од 3 до 15 Целзиусови степени, а максималните од 19 до 28 степени
По ведрото и посвежо утро, во текот на денот времето ќе биде сончево. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе дува слаб до умерен, а на места, вдолж Повардарието повремено засилен ветер со брзина над 60 километри на час.

Минималните температури ќе се движат од 3 до 15 Целзиусови степени, а максималните од 19 до 28 степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево со умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од минимални 11 до максимални 26 степени.
Според најавата на УХМР, следува период на сончево време со посвежи утра, а дневните температури ќе биде во постепен пораст. Особено топло ќе биде во деновите од викендот и во почетокот на следната седмица.