Граѓани во центарот на Скопје може да остават и пораки до семејствата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека
На плоштадот „Македонија“ во Скопје вечерва се одржува собир во чест на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март оваа година.

Настанот е организиран од иницијативата „Кој е следен?“, со цел оддавање почит кон загинатите и поддршка за нивните семејства кои се соочуваат со огромна загуба.
Поддршка е упатена и кон повредените, кои се во процес на рехабилитација од несреќата што се случи пред шест месеци.
Граѓани во центарот на Скопје може да остават и пораки до семејствата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека.
Пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани избувна рано утрото на 16 март годинава и зеде 62 жртви, а околу 200 лица се здобија со повреди и беа пренесени на лекување во болниците низ земјава и странство.
Обвинението за пожарот беше поднесено речиси три месеци по трагедијата, на 13 јуни. Обвинети се вкупно 34 физички и три правни лица.