За утре се најавува претежно сончево време со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец

Наутро нестабилно со локален дожд, а во текот на денот сончево со мала облачност. Ова е прогнозата за денешниот ден од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Од УХМР велат дека во раните утрински и претпладневни часови во источните делови од земјата ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец кој локално ќе достигне брзина од над 60 километри на час.
Утринската температура ќе биде од 10 до 19 Целзиусови степени, а дневната од 23 до 31 степен.
Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на денот облачноста ќе се намали, а ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Температурата наутро ќе биде 16, а во текот на денот до 30 степени.
За утре се најавува претежно сончево време со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 24 до 31 степен.