На состанокот се разменети мислења и за иницијативата за постепено укинување на роаминг трошоците меѓу зеемјите од Западен Балкан и Европската Унија
Силната поддршка за проширување на Европската Унија и од страна на земјите членки и од страна на граѓаните на Северна Македонија е потврдена на денешната средба меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и еврокомесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос.

Како што информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на средбата е поздравеен реформискиот пристап на Владата, особено исполнувањето на обврските од реформскиот процес и имплементацијата на Планот за раст.
Министерот, како што велат од МНР, нагласи дека реформите поврзани со евроинтеграциите остануваат високо на домашната политичка агенда, со силен фокус на владеењето на правото и борбата против корупцијата.
„Министерот изрази благодарност за личниот ангажман на еврокомесарката Кос во пристапниот процес, особено во контекст на нејзиното учество и поддршка на Самитот за Планот за раст, што неодамна се одржа во Скопје“,
велат од МНР.
На состанокот се разменети мислења и за неодамнешното приклучување на државата кон СЕПА, како и за иницијативата за постепено укинување на роаминг трошоците меѓу земјите од Западен Балкан и Европската Унија. Одлуката за оваа иницијатива се очекува на почетокот на 2026 година, како дел од бенефитите на постепената интеграција во Унијата.
Муцунски и Кос ја потврдија и заедничката поддршка за Украина.