Дронот соборен по полноќ експлодира и го оштети трансформаторот. Пожарот е изгаснат и нема жртви, се наведува во објавата на Телеграм
Руската противвоздушна одбрана синоќа пресретнала и соборила украински дрон во близина на нуклеарната електрана во рускиот пограничен регион Курск, соопштија руските власти. Како што пренесува Би-би-си, остатоци од беспилотното летало предизвикале пожар во електраната.
Но и покрај пожарот, во нуклеарната електрана не е зголемено нивото на радиоактивно зрачење, информираат оттаму.
„Дронот соборен по полноќ експлодира и го оштети трансформаторот. Пожарот е изгаснат и нема жртви“,
се наведува во објавата на Телеграм.

По нападот, како што се наведува, еден од четирите реактори работи со 50 отсто од капацитетот.
„Нивото на зрачење на индустриската локација на нуклеарната електрана Курск и во околината не е променето. Во нормални граници е“,
се наведува во објавата.