Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени
Променливо облачно време со сончеви периоди, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Попладне во западните делови се очекуваат локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
И во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 31 степен.

Во недела ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер, кој ќе услови опаѓање на дневната температура. Потоа времето ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура.