Во несреќата повредени се 13-годишно девојче што управувало со електричниот тротинет и нејзината 12-годишна сопатничка. Возачот на автомобилот го напуштил местото на несреќата
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека вчера на улицата „Васил Ѓорѓов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале автомобил и електричен тротинет.

Во несреќата повредени се 13-годишно девојче што управувало со тротинетот и нејзината 12-годишна сопатничка. Возачот на автомобилот го напуштил местото на несреќата.
„На 21.8.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. ‘Васил Ѓорѓов’ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘Фолксваген голф’ со скопски регистарски ознаки и електричен тротинет управуван од 13-годишна малолетничка од Скопје, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, додека со телесни повреди нејзината 12-годишна сопатничка, констатирани во Градска општа болница ‘Св. Наум Охридски’ – Скопје“,
соопшти МВР.
Според полицијата, извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на возачот и возилото.