Пожарот го гаснеа десетина пожарникари со пет противпожарни возила, а интервенираше и „ертрактор“ на ДЗС
Пожарот во Карпош 4 е локализиран, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али. Дел од противпожарните екипи се на терен и интервенираат на местата каде што сè уште има чад. Како што претходно соопшти ЦУК, пожарот го гаснеа десетина пожарникари, а интервенираше и еден „ертрактор“.
„Гори поранешен објект на фирмата ‘Макотекс’ на улица ‘Никола Парапунов’ покрај кеј на Вардар, кај мостот ‘Обединети нации’. Се работи за стар објект кој нема функционалност, но во еден дел има отворено сервис за возила, барака, која има бои и лакови и други хемикалии. Еден воздухоплов на ДЗС враќајки се полн со вода од извршување на задачата за поддршка во гаснење на пожарот во Маврово-Ростуше го забележал густиот чад од пожарот на објектот во Карпош и исфрлил вода над пожарот. Пожарот го гаснат неколку екипи (10 пожарникари) на Бригадата со пет противпожарни возила“,
соопшти директорот на ЦУК, Мухамед Али.

Пожарот во Карпош 4 избувна претпладне, а според првичните сознанија, нема повредени или настрадани лица.