„Утре во Охрид ќе го одржам следниот состанок на Националната комисија за УНЕСКО каде членуваат повеќе од 16-17 институции каде што ќе ги отвориме реално проблемите и забелешките, односно препораките од УНЕСКО и ќе донесеме заклучоци и ќе ја информирам Владата и ќе видиме кои ќе бидат следните чекори. Имаме краток период до февруари (наредната година) да го поднесеме извештајот за конкретните чекори коишто ќе ги преземеме“, рече министерот за култура и туризам во вечерашното гостување во „Вести плус“ на ТВ Канал 5
Состанок доаѓа откако на почетокот на летово стигна информација дека Комитетот за светско културно наследство на УНЕСКО изготвил нацрт-одлука со која се предлага Охридскиот Регион да биде ставен на листата на светски природни и културни богатства во опасност. На 10 јули Комитетот во Париз одлучи да го одложи официјализирањето на нацрт-одлуката и да им даде на Република Северна Македонија и на Албанија уште една година да исполнат низа задолженија и да постапат по препораките нотирани во претходните извештаи на Реактивните мониторинг-мисии
Националната комисија за УНЕСКО утре во Охрид ќе го одржи третиот состанок на кој ќе се разгледуваат забелешките и препораките на светската организација околу состојбите со Охридскиот Регион и ќе се дефинираат чекори за Регионот да не влезе на листата на светско културно наследство во опасност.
За утрешниот состанок на ова тело вечерва во гостување во „Вести плус“ на ТВ Канал 5 информираше министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој е и претседател на Националната комисија за УНЕСКО.

Инаку, состанок доаѓа откако на почетокот на летово стигна информација дека Комитетот за светско културно наследство на УНЕСКО изготвил нацрт-одлука со која се предлага Охридскиот Регион да биде ставен на листата на светски природни и културни богатства во опасност.
На 10 јули Комитетот во Париз донесе одлука да го одложи официјализирањето на нацрт-одлуката и да им даде на Република Северна Македонија и на Албанија уште една година да исполнат низа задолженија и да постапат по препораките нотирани во претходните извештаи на Реактивните мониторинг-мисии. Извештајот до УНЕСКО треба да биде доставен до 1 февруари наредната година.
Прашан дали Охридскиот Регион ќе биде спасен да не се најде на оваа листа и како, Љутков рече дека станува збор за повеќегодишен проблем кој како еден од посериозните веќе го имал на маса кога лани беше назначен за министер за култура и туризам.
„Утре во Охрид ќе го одржам следниот состанок на Националната комисија за УНЕСКО каде членуваат повеќе од 16-17 институции каде што ќе ги отвориме реално проблемите и забелешките, односно препораките од УНЕСКО и ќе донесеме заклучоци и ќе ја информирам Владата и ќе видиме кои ќе бидат следните чекори. Имаме краток период до февруари (наредната година) да го поднесеме извештајот за конкретните чекори коишто ќе ги преземеме“,
рече Љутков.
За седницата утре се приведени шест или седум точки, рече министерот, додавајќи оти верува дека состанок ќе трае многу долго, што го оцени како добро.
Во врска со мерките што треба да се преземат, Љутков рече дека ќе треба да се направи координација со надлежните во Албанија, за што, како што кажа тој, веќе била поднесена иницијатива од наша страна.
„Веќе поднесовме иницијатива да направиме координација и со нив бидејќи во овој процес сме заедно во Охридскиот Регион, не е само Македонија, туку е и Албанија. Тоа преставува уште едно отежнување, но јас веќе разговарав со заменик-министерот за култура и министерката за туризам. Има волја од нивна страна. Бидејќи и таму се менуваше влада и ние сме нова влада сега имаме сосема поинаков капацитет да ги решаваме работите и се надевам дека до февруари ќе имаме извештај кој доста ќе ни ја олесни работата“,
кажа министерот за култура и туризам.

Прашан дали се делува во насока на заштита на Охридското Езеро од фрлање секаков отпад во него од несовени граѓани, Љутков рече оти не знае дали тоа влегува во препораките на УНЕСКО, како и дека има институции кои директно се надлежни за конкретниот проблем.
„Јас не би сакал да навлегувам во ингренциите на друго министерство или на локалната самоуправа, така што претпоставувам дека можеби е најдобор на овие прашања во делот на екологија и во делот на локална самоуправа да разговарате директно со одговорните лица таму за да не излезе дека јас шпекулирам за нешто што не е во мој домен“,
рече министерот.
Сепак, како што кажа, одговарајќи на дополнително прашање, рече дека имаат комуникација.
„Еве и утре ќе ја отвориме таа комуникација бидејќи истите луѓе членуваат во Националниот совет за УНЕСКО“,
додаде министерот.