Оштетениот, исплашен за својот живот, извадил 4.000 денари од комодата, но го замолил разбојникот да му дозволи да задржи барем 1.000 денари, бидејќи му се неопходни. Осомничениот се согласил и го напуштил местото со 3.000 денари
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривичното дело – разбојништво. Осомничениот, како што се наведува во соопштението од Обвинителството, на 18 август влегол во домот кај свој соселанец во селото Бучимци и му се заканил дека ќе го убие ако не му даде пари.
Натрапникот бил маскиран со маица преку лицето и капа, а во домот влегол преку незаклучена врата, држејќи ловечки нож.
„Кога во една од собите го затекнал сопственикот, му се заканил дека ќе го убие ако не му даде пари. Оштетениот, исплашен за својот живот, извадил 4.000 денари од комодата, но го замолил разбојникот да му дозволи да задржи барем 1.000 денари, бидејќи му се неопходни. Осомничениот се согласил и го напуштил местото со 3.000 денари кои противправно ги одзел од сопственикот“,
се наведува во соопштението од ОЈО Скопје.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност за влијание врз сведокот/оштетениот со заплашување и уценување, како и можност да го повтори делото.