И натаму активен е пожарот на територија на Општина Македонски Брод во повеќенаменското подрачје „Јасен“ каде што гори мешана шума
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска до 12 часот на територија на целата држава регистрирани се вкупно шест пожари на отворен простор.

Според ЦУК, од вкупниот број пожари активни се два, a изгаснати се четири.
Активен е пожарот на територија на Општина Македонски Брод во повеќенаменското подрачје „Јасен“ каде гори мешана шума.
Активен е и пожарот на територија на Општина Прилеп, во атарот на селото Беловодица на местото викано Ливада, каде што гори букова шума.
Четирите изгаснати пожари биле во општините Гази Баба, Петровец, Струга и Студеничани каде што најчесто гореле ѓубришта.