Според прогнозите на УХМР, од среда до петок се очекува стабилно време со пораст на дневните температури

Променливо облачно со сончеви периоди е прогнозата за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во одредени делови од земјата во текот на денот ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Температурата наутро ќе биде од 10 до 19 Целзиусови степени, а во текот на денот од 23 до 32 степена.
И во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 32 степена.
За утре се најавува сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Температурата ќе биде од 28 до 35 степени.
Според прогнозите на УХМР, од среда до петок се очекува стабилно време со пораст на дневните температури. Во деновите од викендот повторно ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд и ретки грмежи, а дневните температури ќе бидат во опаѓање.