Во главниот град ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град
По долгиот период на суша и енормно високи температури во земјава, за денес, синоптичарите најавуваат променливо облачно време, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Од Управата за хидрометеролошки работи велат оти наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) и ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.