Променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи се прогнозира за утре и во вторник, а од среда ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура

Променливо облачно време со сончеви периоди најавуваат за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во попладневните часови, претежно во западните региони ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата наутро ќе биде од 9 до 17 Целзиусови степени, а во текот на денот од 23 до 35 степени.
И во Скопје денеска ќе има променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 17 до 33 степени.
За утре се најавува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи. На некои места врнежите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и услови за појава на невреме со силен ветер и изолирана појава на град.
Слично време се прогнозира и за Скопје – променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со силен ветер и изолирана појава на град.
Температурата утре ќе биде од 23 до 35 степени.
Во вторник ќе има услови за изолирана појава на нестабилност, а од среда ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.