Изралеската армија извршила координирани напади врз повеќе цели во Појасот Газа, но не ги коментира информациите за бројот на загинати кој беше споделен од страна на Цивилната одбрана во Појасот Газа
27 Палестинци, меѓу кои жени и деца, загинале во денешните израелски напади врз Појасот Газа, објави Цивилната одбрана. Оттаму велат дека во нападите кои биле извршени во текот на ноќта и во раните утрински часови биле погодени куќи и кампови за раселени лица.

Од загинатите, осум Палестинци загинале во градот Газа, десетмина во бегалскиот камп Нусеират во центарот на Појасот Газа, додека, пак, три лица загинале во напад на кампот за раселени лица Ал Маваси на југот од територијата.
Израелската армија засега не ги коментира овие информации.