Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 10 јули 2025 г. на МРТ 1
Во ова издание донесуваме:
– Тестиравме колку од 120 електронски услуги на Националниот портал се навистина електронски;
– Владата зборува за 325 милиони евра за проекти за општините, но реализираните пари се многу помалку – колку и зошто ги прашавме сите 80 општини и министерот Перински;
– „Следниот бран“ ја опфати и С Македонија: Европски извештај за парите и политиката во антиродовите движења;
– Малата „Топлина“ од охридско Подмоље, со голем тендер во РЕК „Битола“, купила атрактивна парцела во Охрид од еден од подизведувачите во копањето јаглен и јаловина; за локацијата има иницијатива за промена на ГУП;
– „Саботажа“.