Активни пожари има во селото Николиќ во Дојранско, каде што гори нискостеблеста шума, во Општина Чашка под Солунска глава, во Општина Куманово кај местото Преовце, каде што гори ниска вегетација, во селото Ругинце во Општина Старо Нагоричане каде што е зафатена ниска вегетација
Од вкупно 14 пожари на отворен простор, четири се активни, под контрола се шест, два пожари се локализирани, а два изгаснати, информира Центарот за управување на кризи (ЦУК) во својот извештај до 12:30 часот.

Активни пожари има во селото Николиќ во Дојранско, каде што гори нискостеблеста шума, во Општина Чашка под Солунска глава, во Општина Куманово кај местото Преовце, каде што гори ниска вегетација, во селото Ругинце во Општина Старо Нагоричане каде што е зафатена ниска вегетација.
Под контрола се шест пожари и тоа во:
- Општина Македонски Брод – село Рамне – село Ковче (ниска вегетација, проширен од фабриката Самоков)
- Општина Македонски Брод – село Слатина (мешана шума)
- Општина Македонски Брод – село Слатина кај Слатински извори (нискостеблеста мешана шума)
- Општина Македонски Брод – во кругот на фабриката СУМБРО (ниска вегетација)
- Општина Македонски Брод – помеѓу село Црешнево, село Крапа и село Локвица (деградирана дабова шума и грмушки)
- Општина Чучер Сандево помеѓу село Блаце и село Горњани, м.в. Рамна шума (шумски пожар)
Локализирани се пожарите кај прилепското село Бешиште и селото Делисинци во Свети Николе, а изгаснати се пожарите кај црквата „Свети Троица“ во Чучер Сандево и кај селото Белица во Македонски Брод.