Огнот на нивата бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Тетово
Седумдесет и четиригодишник од Мала Речица, Тетовско, вчеравечер бил приведен откако околу 20 часот на својата нива во Тетово, вршејќи земјоделски работи, на неколку места на нивата запалил сува трева и отпадоци.

„По добиената пријава, полициски службеници се упатиле кон местото на настанот и го лишиле од слобода“,
информираат од Министерството за внатрешни работи.
Мажот бил приведен во 21 часот во близина на бензинската пумпа во Тетово и задржан во полициска станица. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за предизвикување општа опасност.
Огнот на нивата бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Тетово.