Автомото сојузот препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Оттаму додаваат дека на граничниот премин „Табановце“ се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, а времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ соопшти и дека од вчера попладне е нормализиран сообраќајот на тешки моторни возила на излез од земјава, од БП „Дизел” кон ГП „Блаце”.
Автомото сојузот препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
„Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“,
наведува АМСМ.